Пендаровски ги прими акредитивите на новите амбасадори на Монголија и на Гана

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Монголија и на Република Гана. 

Како што информира Кабинетот на претседателот,  на церемонијата на предавање на акредитивните писма од страна на новата амбасадорка на Монголија, со седиште во Софија, Сајана Лхагвасурен, Пендаровски истакна дека постојат можности за посеопфатна развојна динамика на односите меѓу двете држави, како на билатерален, така и на мултилатерален план особено за продлабочување на економските односи, како и за збогатување на соработката во доменот на културата, науката и образованието.

Амбасадорката Лхагвасурен ја истакна целосната посветеност и давањето на највисок приоритет за промовирање на нови можности во билатералната соработка и унапредување на постоечките пријателски односи меѓу двете земји.

На церемонијата на предавање на акредитивни писма од страна на новоименуваниот амбасадор на Република Гана, со седиште во Прага, Џејмс Комла Ниасемби, претседателот Пендаровски изрази уверување дека со заеднички напори ќе се придонесе кон продлабочување и збогатување на билатералните односи и меѓусебната соработка во сите сфери од заемен интерес на двете земји и нивните граѓани.

Амбасадорот Ниасемби изрази уверување дека ќе се работи на зајакнување на срдечните односи и соработка меѓу двете земји во контекст на подобрување на трговските, инвестициските и туристичките односи, како и соработката на билатерално и мултилатерално ниво за постигнување на глобален мир и начелата на одржливите развојни цели.

 

Претседателот Пендаровски на новоименуваните амбасадори на Монголија, Сајана Лхагвасурен и на Република Гана, Џејмс Комла Ниасемби, им посака успех во извршувањето на одговорната дипломатска функција. 

27.05.2022 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега