Пендаровски: Ќе се заложам за национален фонд за заштита на животната средина

Загадената животна средина не засега сите и затоа мора овој проблем да го решаваме преку соработка и поинтензивна меѓусебна координација. Ова го нашиша денеска претседателот Пендаровски на Фејсбук.

- Од денешната исклучително конструктивна средба со граѓанските организации произлегоа неколку иницијативи. Заштитата на животната средина ќе биде точка на Советот за безбедност кој ќе се одржи кон средината на декември. Стратегијата за одбрана ја враќам во постапка со цел во неа да се вметне точка за еколошка безбедност. Исто така ќе се заложам да се создаде национален фонд за заштита на животната средина, а во рамки на образовниот систем да се вметнат задолжителен број на часови преку кои учениците ќе ја сфатат важноста од здрава животна средина, напиша тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.11.2019 - 20:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега