Пендаровски: Ништо не е сменето 10 години, затоа имаме 95 отсто функционално неписмени

Македонскиот претседател Стево Пендаровски гостуваше во „Топ Тема“ на „Телма“ при што ги коментираше изјавите на вицепремиерот Фатмир Битиќи за тоа дека 95 отсто од работната сила била функционално неписмена.

„За жал не гледам дека нешто е направено. Да ви кажам најотворено, работите не се променети во последните 10 години. Јас не сум експерт за образование, но тоа е причината, но има многу причини зошто е таква ситуацијата“, вели Пендаровски.

Пендаровски вели дека морало да се направи ревизија на сите факултети кои се отворени во последните 10-15 години, како и ревизија на сите дипломи, магистри и докторати добиени во тој период.

03.10.2022 - 21:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега