Пендаровски со честитка: Во овие тешки времиња посакувам овој голем празник да ни биде духовна поткрепа

Претседателот, Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, митрополит Скопски, архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан.

-Имам особено задоволство и чест Вам лично и на членовите на Светиот архиерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство, како и на сите православни верници, да ви го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици, и да ви посакам да го поминете во добро здравје, исполнети со радост и со среќа. Годинава, за жал, Богојавление – Водици го празнуваме во несекојдневни околности предизвикани од пандемијата на Ковид-19, која ги загрози нашите животи, здравје, благосостојба, но и предизвика преиспитување на нашите вредности и уверувања. Сепак, и без масовните собири покрај нашите води, како и со сите останати рестрикции согласно со безбедносните протоколи, повторно ќе ја посведочиме светата тајна на крштевањето. Повторно ќе ги наполниме нашите срца со верба, надеж и со љубов, вели Пендаровски.

-Во овие тешки времиња посакувам овој голем празник да ни биде духовна поткрепа за да истраеме во солидарноста, трпението, одговорноста и во грижата за сите наши сограѓани. Нека ни е честит и вековит големиот христијански празник! Бог се јави!, стои во честитката од шефот на државата Пендаровски. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.01.2021 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега