Пендаровски утре на средби во Австрија

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски утре ќе престојува во официјална посета на Република Австрија, соопшти неговиот кабинет.

Во Виена, претседателот Пендаровски со највисоки државни и воени почести ќе биде примен од сојузниот претседател Александер Ван дер Белен, а ќе оствари билатерални средби со сојузната канцеларка Бригит Биерлејн и со претседателот на Националниот совет на Сојузното собрание на Република Австрија, Волфганг Соботка.

Според агендата, претседателот Пендаровски ќе одржи предавање на Дипломатската академија во Виена на тема „Преспанската спогодба – нетипично решавање спор на Балканот“.

За време на официјалната посета на Република Австрија, претседателот Пендаровски ќе биде придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.10.2019 - 08:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега