Пендаровски:Знаењето на бизнис заедницата да се искористи во претстојниот преговарачки процес

Бизнис заедницата целосно да се вклучи и да се искористи нејзиното знаење и капацитет во претстојниот преговарачки процес со ЕУ, повика денеска претседателот на државата Стево Пендаровски на работна средба со претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и со потпретседателите и членовите на Управниот одбор на Комората.

– Историски битен факт за нашата земја е тоа што сме на самиот праг да се зачлениме во НАТО алијансата. За разлика од многумина кои мислат дека станува збор само за организација што се грижи за безбедноста и без какви било последици во останатите области, јас не се согласувам. Не постои ниту една држава во светот која има добра економија, која не е асоцирана во поголемите организации од овој тип, особено не во Европа. И оние земји кои не се формално членки од ЕУ, како што е Швајцарија, тие се дел со серија потпишани договори децении наназад се дел од европскиот заеднички пазар, сметајте како да се членки на ЕУ, рече Пендаровски.

НАТО, како што рече, е значаен и очекуваме до крајот на годинава, а ако не најдоцна во првиот месец од следната година да го заокружиме членството и да бидеме полноправна членка.

– На повеќе од половина пат сме во однос на потребните ратификации од сите 29 земји членки. Тоа оди со одлично темпо. Имаме ветување од една група пријатели во рамки на Алијансата дека тоа ќе се заврши до крајот на годината, ако нешто непредвидено не излезе, рече Пендаровски. Додаде дека не очекува да има политички проблеми.

Посочи дека нема да  дозволи да биде ставен пред свршен чин и да служи само за потпишување на закони, туку ќе се труди да нема подготовка на закон што се однесува на стопанството без да биде вклучена бизнис заедницата.

– Прашајте ја Хрватска. Единствени проблеми од поглавајата има само во деловите од преговарачкиот процес во кои не била вклучена бизнис заедницата, изјави Пендаровски.

Најави дека наскоро ќе биде пополнето советничкото место во неговиот Кабинет, како и дека ќе работи на искористување на  дипломатско-конзуларните претставништва со цел подобра промоција на бизнис потенцијалот на нашта држава во странство.

Ова е прва посета на претседателот Пендаровски на Стопанската комора. Пред Пендаровски беше претставена работата, структурата и активностите на Комората. Пендаровски најави дека ќе се сретне и со претставници и на другите комори во државата.

Стопанствениците од Пендаровски побараа поголема стабилност во постапката на носење закони, поголема промоција во странство и нивно вклучување во процесот, поголема промоција на бизнис заедницата во странство, но и вклучување во процесот на одликувања за остварени придионеси во општеството.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.06.2019 - 14:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега