Пенс на Твитер: Зборував со Ципрас за спорот за името

Американскиот потпретседател Мајк Пенс напиша на Твитер дека се слушнал со грчкиот премиер Алексис Ципрас.

- „Зборував со грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска. Му се заблагодарив за лидерството, заедно со македонскиот премиер Заев, за напорите кон решавање на долготрајниот спор за името. Историска можност. Се надевам дека двете страни можат да постигнат заемно прифатлив договор и да промовираат мир и стабилност во регионот“, напиша Пенс на Твитер.

Вчера беше објавено дека новиот предлот е Република Илинденска Македонија.

 

 

 

20.05.2018 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега