Пенсилвенија: Во пожар загинаа 10 лица, од нив 3 се деца

Десет лица, меѓу кои три мали деца, ги загубија животите во пожар што зафати куќа во источна Пенсилванија, соопшти денеска полицијата на таа американска сојузна држава.

Властите соопштија дека го истражуваат инцидентот и дека сè уште нема официјални детали за околностите или причината за пожарот, а еден пожарникар волонтер рече дека сите жртви се членови на неговото пошироко семејство, пренесува Ројтерс.

Пожарот избувна вчера во градот Нескопек, мала земјоделска заедница покрај реката Сускехана, околу 120 милји северно од Филаделфија.

06.08.2022 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа