Пентагон се вклучи во борбата против коронавирусот во САД

Американска инженерска единица прегледала повеќе од 650 локации ширум Соединетите Американски Држави кои би можеле да се претворат во привремена болница за лечење од вирусот Ковид-19.

Генералот Тод Семонит изјави дека добил 750 барања да се прегледаат локации, од кои досега прегледани се 673, пренесува Ројтерс.

Најдобри објекти се конференциски центри.

Ширум САД досега регистрирани се 272,760 лица, 26,883 смртни случаи, а излечени се 12,044 луѓе.

Според информациите од тамошните медиуми, малиот број на респиратори ќе стане сериозен проблем за неколку дена, а недостасуваат и медиумски работници и заштитна опрема.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.04.2020 - 23:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега