Перишиќ: Преку проекти и буџетски форуми граѓаните активно учествуваат во носењето на одлуки во општините
На денешниот настан, Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“ свое обраќање на панел-дискусијата – граѓаните главни во носењето на одлуки во општините, имаше Душица Перишиќ, извршен директор на ЗЕЛС, која истакна дека граѓанското учество во донесувањето на одлуките е многу битно, наведе проекти преку кои граѓаните имаат активно учество односно дека преку буџетските форуми се вклучуваат како невладините лица, така и лицата со посебни потреби, жени, мажи и други различни групи.
„Она што јас го гледам, е во главно дека општините ги користат буџетските форуми при правење на буџетите за наредна година, односно оние средства кои им се слободни, бидејќи поголемиот дел е веќе потрошен, дали се работи за плати, значи од она што им се сопствени приходи дел што ќе им остане го разговараат најчесто со граѓаните за начинот на којшто треба да се поделат, односно свикуваат различни групи на граѓани, претставници на невладини, лица со посебни потреби, домаќинки, жени, мажи, различни групи кои постојат во општините и се обидуваат да им претстават за што имаат пари и што мислат граѓаните да чујат кој е најдобриот начин на којшто можат да ги потрошат тие пари. Тогаш овие коишто се викнати гласаат и оние коишто ќе изгласаат најдобар проект тој треба општината да го спроведе“, вели Перишиќ и додаде:
„Голем број општини го користи овој начин при буџетирање, исто така има еден проект на УНДП којшто вклучува различни општини, се вика „Јакнење на општинскиот совет" има пари кои треба да се потрошат во општината, но базирано на она што значи потреба на граѓаните и барање од граѓаните“, рече Перишиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа