Пешак прегазен во Ресен- жена со тешки повреди пренесена во болница

 

Пешак со телесни повреди пренесен во болница откако во него удрил автомобил управуван од 31-годишен маж од ресенско.

-На 08.01.2021 во 13.25 часот во Ресен на ул.29 ти Ноември, патничко моторно возило „ауди“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од Т.А.Б.(31) од с.Асамати,ресенско удрило во К.Р.(57) од Ресен, информира полицијата.

Во незгодата со тешки телсени повреди се здобила К.Р. кои и биле констатитирани од доктор во болница„Св.Еразмо Охрид“.

Извршен е увид на местото на настанот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.01.2021 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега