Песков: Путин самиот ќе објави дека ја примил втората доза од вакцината против коронавирусот

Рускиот претседател, Владимир Путин, самиот ќе објави дека ја примил втората доза од вакцината против Ковид-19, изјави денеска за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Претседателот ќе добие втора доза. Тој ќе ја информира (јавноста) за втората доза, исто како што направи со првата“, изјави портпаролот на Кремљ.

На 10 април Песков за ТАСС изјави дека Путин сè уште не ја примил втората доза од вакцината.

Рускиот лидер ја прими првата доза на 23 март.

Тогаш не беше откриено која вакцина ја примил Путин, а неговиот претставник ја објасни одлуката со фактот дека сите три руски вакцини се ефикасни и безбедни.

Три вакцини против коронавирусот се регистрирани во Русија – „спутник В“, „епивак корона“ и „ковивак“. Сите три се даваат во две дози.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.04.2021 - 15:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа