Песков: Реакцијата на Западот нема да влијае на плановите на Москва

 

Реакцијата на Западот нема да влијае на плановите на Русија да распореди тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Таквата реакција, се разбира, не може да ги промени плановите на Русија“, изјави Песков пред новинарите во Москва, пренесува РИА.

Рускиот претседател Владимир Путин во саботата, н25 март, за телевизијата „Русија 24“ изјави дека Москва и Минск се договориле да стационираат руско тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, без да ги прекршат обврските на Русија во однос на неширење на таквото оружје.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел истакна дека Брисел е подготвен да одговори со нови санкции доколку Белорусија не се откаже од планот за поставување руско тактичко нуклеарно оружје на своја територија бидејќи тоа наводно ја загрозува европската безбедност, пренесе „Новости.рс“.

27.03.2023 - 23:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега