Песков: Шредер не покажа желба да биде посредник за проблемот со гасот

 

За време на минатонеделната посета на Москва и средбата со рускиот претседател Владимир Путин, поранешниот германски канцелар Герхард Шредер не изразил желба да биде посредник во решавањето на ситуацијата во Украина или ситуацијата со гасот, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Шредер не ја изрази својата желба да стане посредник“, рече тој на брифинг за медиумите како одговор на новинарско прашање, пренесува ТАСС.

Во исто време, „Ројтерс“ пренесува дека Песков објавил дека Путин го известил Шредер дека гасоводот Северен тек 2 е подготвен да се користи за снабдување со гас во Европа.

Според портпаролот на Кремљ, Путин му рекол и на Шредер дека испораките на руски гас паднале на околу 30 милиони кубни метри дневно од 167 милиони кубни метри откако Полска воведе ембарго на гасоводот Јамал-Европа а Украина го запре протокот на гас преку Сорановка, мерна станица, еден од транзитните правци во таа земја.

03.08.2022 - 18:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега