Петков: Македонските Бугари ќе влезат во Уставот

Бугарскиот премиер Кирил Петков на денешното обраќање пред парламентот рече дека македонските Бугари ќе влезат во Уставот на Северна Македонија. Тој, како што рече, за тоа добил уверување од македонскиот премиер Ковачевски.

Тој рече дека бугарската Влада на никаков начин не ја игнорира позицијата на Бугарија. Тој нагласи дека правата на Бугарите во Северна Македонија се огромен приоритет заедно со темите од заедничката историја.

„Димитар Ковачевски е премиер на Северна Македонија осум дена и помина четири од нив со нас. Тој рече дека не гледа проблем со вклучување на Бугарите во нивниот Устав, не кажа време, но го најави. Тоа е важно што Ковачевски го кажа затоа што постои политички ризик со нивната опозиција“, истакна Петков.

Тој додаде дека во моментов се разговара за рокот и увери дека бугарскиот интерес ќе биде заштитен.

За работата на историската комисија, Петков рече дека во текот на разговорите одлучиле прво точно и јасно да се видат кои се точките за кои комисијата веќе постигнала договор. Исто така нагласи дека од бугарска страна нема да има промени во составот на комисијата.

Меѓудругото, Петков изрази надеж дека авиолинијата Софија-Скопје ќе биде пуштена во употреба во март, дека годинава ќе бидат изградени 13 километри пат до Клепало и дека се потпира на европските средства за железницата за да го скрати рокот за оваа линија до 2027 година.

Тој најави дека на 4 февруари се подготвува заедничка прослава на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

 
28.01.2022 - 14:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега