Петковски: Арсовска не ги реализира важните проекти за Скопје, на граѓаните им е доста од оправдувања

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во првите три месеци од мандатот нема направено ниту еден проект, изјави Петар Петковски од СДММ.

„Нивелирање две – три шахти и неколку мобилни тоалети не се проекти ниту имаа врска со развојот на градот. Постоечките големи проекти кои Арсовска ги прекина, започнати од претходната локална власт, се важни, стратешки проекти кои гарантираат соверемен развој на Скопје. Ништо не се прави за најзначајниот проект за еколошки и брз градски транспорт за кој веќе има обезбедено 70 милиони евра од Европската банка за обнова и развој“, истакна Петковски.

Праша дали Данела Арсовска дефинитивно се откажува од проектот Бас рапид транзит?

Според Петковски стои и изградбата на мостот во Карпош на Љубљанска за кој исто така се обебзедени средства.

„Арсовска не ја продолжува ниту реконструкцијата на Универзална сала која е започната и за чија реализација се обезбедени пари од Владата. Се уште не е завршен капиталниот проект – мост на реката Вардар во Аеродром“, нагласи тој.

Смета дека тоа се капитални проекти, со големо значење за стратешкиот развој на Скопје.

„Со досегашната неработа Арсовска е најнеуспешната градоначалничка на Скопје. На граѓаните им е доста од оправдувања и изземање од одговорност, тие очекуваат реализација на крупни, капитални проекти“, дополни Петковски.

06.02.2022 - 14:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега