Петковски: Лесно ќе урнат, тешко ќе направат влада

Во однос на вчерашниот пресврт, се огласи и првиот човек на НСДП, Тито Петковски кој во изјава за „Фокус“ искоментира „Лесно може да ја урнат владата, но тешко ќе направат нова“.

–Оставката на премиерот повлекува оставка на цела влада и тогаш ситуацијата е иста како и при евентуално изгласување на недоверба на владата. Вчерашниот настан што се случи поради револтот на БЕСА за Желино не значи ништо ако на седница 61 пратеник не изгласаат недоверба на владата. Тоа верувам дека лесно може да го направат, но сметам дека истата структура тешко ќе формира нова влада, поради личните и концепциски разлики – изјави Петковски за Фокус.

06.11.2021 - 11:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега