Петковски: Отчетот на Данела после 82 дена е тоалет и шахта

-На 82-от ден од мандатот на градоначлничката Данела Арсовска од ВМРО-ДПМНЕ ова е нејзиниот отчет: Тоалет. Ова е единствениот нејзин проект, А да се извинувам, и една нивелација на шахта. Толку, вели Петар Петковски од СДММ.

„После 82 дена едно е јасно: Данела Арсовска е најнеуспешниот градоначалник којшто го имал Скопје.

Нема реализирано речиси ништо од она што го вети пред граѓаните.

Нема бесплатен јавен превоз, нема пет нови мега паркови, не се чисти, депониите си стојат, нема помош за Скопјани сред енергетската криза, нема проекти.

Не успеа ниту да ги врати бројчаниците на семафорите, ветување што го даваше пред граѓаните.

Има само партизација и полнење на градските претпријатија со кадри на ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа денеска и оставаме поклон една шахта и тоалет, за нејзините менаџерски НЕ-способности“, додава тој.

29.01.2022 - 12:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега