Петмина повредени во сообраќајка на патот Кичево – Осломеј

Пет лица, меѓу кои двајца малолетници се повредени во сообраќајна несреќа која вчера вечерта се случила на регионалниот пат Кичево – Осломеј.

Во несреќата, пријавена во 22:55 часот, учествуваеле автомобил „фиат“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од С.Д.(18), автомобил „фолксваген пасат“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од Д.Д.(33) и автомобил „ауди“ со кичевски регистарски ознаки управуван од В.Х.(59), сите од Кичево.

-Со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од патничкото возило „фиат“, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште еден малолетен сопатник, возачот на патничкото возило „пасат“ и неговиот сопатник Ќ.Р.(30) од с.Туин,кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кичево.

18.05.2024 - 12:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега