Петмина скопјани обвинети за непостапување според здравствените прописи - ќе платат по 2.000 евра

За петмина скопјани, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против пет лица, сите за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија. До Судот е предложено секој од нив да плати казна по 2.000 евра.

Како што соопштија од ЈО, по пристигнување од земји со висок и среден ризик на 16, 17 и 18 март, секој од обвинетите потпишал изјава со која прифатил да се самоизолира во својот дом во период од 14 дена. Но, при проверките направени на 18 и 19 март, од страна на овластени службени лица, не биле затекнати на наведените адреси.

– Обвинетите, иако должни да ги имплементираат мерките определени во Писмена наредба на Министерството за здравство за сузбивање или спречување на епидемијата на коронавирусот – Ковид-19, како и обврската од потпишаните изјави за самоизолација, не постапиле согласно предвиденото, со што го сториле кривичното дело, се истекнува во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.03.2020 - 15:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега