Петров: Ковачевски има потенцијал да ја обедини партијата и да постави соодветни кадри на важни позиции

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Петров во гостување во емисијата Утрински брифинг истакна дека СДСМ продолжува да се демократизира и да се отвора кон јавноста и дека тој лично има желба и мотив да даде силен придонес во процесите што следуваат.
 
Петров верува дека новиот претседател на СДСМ Димитар Ковачевски, кој од денеска е и нов мандатар на Владата, има капацитет да ги интегрира луѓето и ќе делува позитивно, ќе покаже добри технократски и менаџерски способности кои ги има и како човек кој е без политички багаж.
 
Членот на ИО, Андреј Петров даде свој осврт и на формираниот Совет за креирање и имплементација на политики.
 
„Се работи за тела со советодавна улога и добро е во него да се дискутираат дел од политиките и кои ќе бидат супервизор на тоа како се спроведуваат политиките. Генерално, партиите кои се на власт имаат проблем со контрола на тоа што го имплементираат, какви се импресиите од јавноста, што е тоа што е прифатливо или неприфатливо, каде е тоа што треба да се промени зошто тврдоглаво туркање на она што не минува во јавноста не е добро. Затоа ова е одлична можност со еден исклучителен човек кој ќе го води тоа, мислам дека е позитивно“, истакна Петров.
 

 

Петров посочи дека новото раководство со претседателот Димитар Ковачевски има силен потенцијал, силна проевропска и проатлантска ориентација во себе, дека ќе има ново обединување во партијата, бидејќи според него, успехот е можен само доколку има разбирање и соочување на различните мислења.
29.12.2021 - 14:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега