Петровска: Арсовска во 2011 година се стекнала со бугарско државјанство

 
„На виделина е вистината за кандидатката на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска. Денес обелоденуваме уште една тајна, чувана и криена од Арсовска.  Ова е го документот, Арсовска во 2011 година се стекнала со бугарско државјанство“- истакна пратеничката од редовите на СДСМ, Славјанка Петровска.
 
„Во „Удостоверение“ од бугарското министерство за правда, јасно се наведува дека вицепретседателот на Бугарија со Указ од 2011 и дал на Арсовска бугарско државјанство. Или како што изворно пишува:
 
„Вицепрезидент на Република Блгарија с Указ номер 33 от 28.04.2011 година Е ДАЛ блгарско гражданство на Данела Арсовска“
 
Во своето обраќање дополни: „Цели десет години Данела Арсовска има резервна татковина“ - истакна пратеничката Петровска.
 
Од кои побуди г-ѓо Арсовска побаравте бугарско државјанство? За чии интереси одработувате?
 
За унгарските? За Бугарските? За оние на Груевски? 
 
Не може Арсовска да се грижи за интересите на скопјани кога има бугарско државјанство и е почесен Конзул на Република Унгарија.
 
Почитувани граѓани, ова е класично потценување и навреда на скопјани.
 
Зарем мислите дека скопјани ќе дозволат некој кој е инсталација на Груевски од Будимпешта, некој кој е државјанин на друга држава, да го руши градот? 
 
Даниела Арсовска, со бугарско државјанство и почесен конзул на Унгарија не проаѓа во Скопје.
 
Странски инсталации кои работат директно против интересите на граѓаните нема да поминат.
 

 

Г-ѓо Арсовска уште колку тајни криете вие од скопјани?“

26.10.2021 - 14:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега