Петровска: Данела Арсовска има и бугарска лична карта, издадена една недела по 27 април

Пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска денеска на прес-конференција објави фотографија од бугарска лична карта за која тврди дека ѝ припаѓа на независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска.

-Ова почитувани граѓани е личната карта на Арсовска издадена од бугарските власти.  Бугарско државјанство, бугарска лична карта на Арсовска. Со номер, со дата на раждане, потпис, со адреса во градот Петрич која патем се уште е  важечка. Оваа лична карта на Арсовска е издадена на петти мај 2017 година. Само една недела по крвавиот четврток, по крвавиот 27 април и насилниот упад во Собранието. Г-ѓа Арсовска, со каква намера и цел, ја подигнавте бугарската лична карта само неколку денови откако пропадна обидот да се убијат пратеници и да се спречи демократска промена на власта, рече Петровска.

Според неа, Арсовска е инсталација на поранешниот премиер Никола Груевски.

-Арсовска може да се крие зад партиски соопштенија, а притоа да тврди дека е независна, но од вистината бегање нема. Ништо не може да го сокрие фактот дека таа освен што е конзул на Унгарија, освен што е потврдена инсталација на Груевски, поседува и бугарско државјанство и бугарска лична карта. Ваков потценувачки однос, вакви подметнувања не проаѓаат кај граѓаните на Скопје. Не проаѓа во Скопје странска инсталација која работи против интересите на граѓаните.  Граѓаните на Скопје бираат градоначалник, а не кмет. Во недела на 31 октомври да се обединиме и да не дозволиме странски инсталации поврзани со минатото, да добијат можност да го уништуваат Скопје”, рече пратеничката.

 

27.10.2021 - 12:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега