Петровска: Докажавме дека мнозинството е стабилно - сѐ беше блеф на Мицкоски

Со денешното гласање за доверба на Владата покажавме дека сите тврдења за некакво ново парламентарно мнозинство од страна на ВМРО-ДПМНЕ не било ништо друго освен една голема лага, посочи пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 Телевизија. 

-Денеска покажавме дека сите тврдења кои со месеци ги слушаме дека сме немале мнозинство во Собранието, дека Владата ќе била соборена, дека ВМРО-ДПМНЕ успеало да собере 62 пратеника, дека ќе имале и 65 пратеници, се само една голема манипулација, голема лага на опозициската партија. Со денешното гласање докажавме дека парламентарното мнозинство е стабилно и сега сите треба да продолжиме да работиме за граѓните, Владата да продолжи со реализација на програмата за која впрочем и ја добивме довербата од граѓаните на изборите, истакна Петровска. 

Порача дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ имале можност во неколку месеци наназад да поднесат барање за гласање на доверба на Владата преку иницијатива од најмалку 20 пратеници за да има три дена дебата, но не го сториле тоа затоа што знаеле дека не можат да изгласаат недоверба на Владата и се се сведувало на обичен блеф за внатрепартиска употреба на Христијан Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.03.2021 - 19:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега