Петровска: Илинденците се симболот за нашиот непокор и мотив за напредок на сите во Македонија

Министерката за одбрана на Република Македонија, Славјанка Петровска објави статус на нејзиниот профил на Фејсбук.

Со денешната свеченост во историско Крушево и со симболичното кревање на бајракот на слободата во првиот миг на 2-ри август, чествуваме „10 дена Крушевска Република“, чествуваме слободна, независна, безбедна татковина!

Крушевската Република ја отсликува нашата богата култура, нашето историско наследство и мултиетничноста и мултикултурализмот кои се дел од нашиот генетски код.

Само здружени и со меѓусебна доверба ќе бидеме секаде и секогаш посилни. Слободата е нашата победа и затоа да не ја испуштаме од своите раце. Таа не се освојува еднаш засекогаш, туку секој ден и постојано. Низ секој наш творечки подвиг. И низ секој изгрев што нѐ осветлува. Тоа е нашата величествена светлина и нашиот оган на кој се грееме“, напиша Петровска.

Илинденците се симболот за нашиот непокор и самобитност. Тие се нашиот мотив да продолжиме да се бориме – за подобро утре, за прогресивна држава, за напредок на сите граѓани на Северна Македонија, додава министерката.

 

01.08.2022 - 23:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега