Петровска: Ќе ги донирам парите ако ја добијам тужбата против Ковачки, не сакам пари од нечесни луѓе

 

 

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во изјава по рочиштето од судскиот процес против пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки рече дека ако ги добие парите како надомест за нарушена чест и углед ќе ги донира во добротворни цели. Станува збор за 610.000 денари.

„Немам намера да задржам пари од нечесни луѓе“, рече Петровска.

Како што додаде, сите шпекулации за наводно бришење на податоци од Катастар, се само дополнителна замка во којашто Ковачки сам влегува.

„На моја страна е вистината и таа ќе излезе на виделина“, рече министерката.

Најави и дека ќе бара  јавно извинување на прес-конференција на начинот на кој Ковачки го искажал лажното клеветење кон неа.

 

16.05.2023 - 15:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега