Петровска: Мицкоски да му се извини на Реџепи за изјавата дека е „современиот Амди Бајрам“

В

Во емисијата „Само вистина“ на Канал5 ТВ, пратеничката на СДСМ кажа дека опозицијата згреши поради тоа што седми пат му верувала на Мицковски на набилданите изјави дека само што го нема 62от пратеник.

-Не можете да обвинувате за киднапирање и да се протолкуваат секакви зборови. Сакам да прашам дали после ова Мицкоски ќе понесе морална одговорност и срам и ќе му се извини на пратеникот Реџепи за изјавата дека е „современиот Амди Бајрам, лесна му земја“. Таква морбидна изјава од лидер на политичка партија не е дозволена. Пратеникот си најави дека ќе каже се во понеделник, изјави пратеничката Петровска.

12.11.2021 - 19:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега