Петровска: Не само Арсовска, целото нејзино семејство има бугарско државјанство

Денеска пратеничката Славјанка Петровска од редовите СДСМ одржа прес-конференција. Во продолжение интегралниот текст од обраќањето на Петровска: 
 
„Данела Арсовска ги лаже граѓаните. Целата лажна слика што се обидуваше да ја креира околу себе кандидатката на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, падна во вода. Во овој случај, не е важно Даниела како се чувствува, Северна Македонија е татковина за сите. Но, проблемот е што Данела Арсовска ги лаже граѓаните, има нечесен и неискрен пристап кон нив“-истакна пратеничката Петровска. 
 
„Денеска објавуваме нови докази поврзани со овој скандал, со овој сплет на лаги на Арсовска кој целосно е демаскиран. Не само Арсовска, целото нејзино семејство има бугарско државјанство. Ова е Удостоверението на Ангел Арсовски, сопруг на Арсовска, издадено 2010 година. Идентично исто како и Арсовска, и Арсовски има бугарска лична карта. Со име и презиме, со номер, со гражданство.
Бугарската лична карта на Ангел Арсовски е издадена еден месец пред бугарската лична карта на Данела, односно на трети април 2017 година. И неговата исто како и онаа на Данела е се уште важечка Валидноста, односно веродостојноста на овие документи кои ги објавуваме се потврдува преку официјалната интернет страница на Министерството за внатрешни работи на Република Бугарија.
Со внесување на датум на раѓање и број на документ, во овој случај двете лични карти, има официјална потврда за нивната валидноста“-додаде Петровска. 

28.10.2021 - 12:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега