Петрушевски: Колку и како Љупчо Путерот и Рашковски како функционери си ја збогатиле имотната состојба?

Љупчо Путерот и Драги Рашковски, кои деновиве се популарни по одмори во луксузните Дубаи и Мексико, откако се функционери во споредба пред да дојдат на функција имаат зголемување во имотот. Откако Љупчо Николовски е функционер, министер и вицепремиер сега, профитот на фирмата на неговиот брат Лариком Импекс е зголеман за 2300%. И сето ова се случува дополнително во време на пандемија, кога 55.000 луѓе останаа без работа и 6.200 фирми се затворија, изјави на денешната прес конференција, Бране Петрушевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

– Јавноста се прашуваше од каде му на Николовски пари за одмор во Дубаи, кој според податоците на интернет со хотелско сместување и авионски билети за двајца за три дена чини околу 3.000 евра? Особено, ако се земе во предвид дека Николовски е државен службеник, т.е. именувано лице, чија плата е околу 60-тина илјади денари.
Драги Рашковски кој исто така деновиве е на одмор на луксузна дестинација во Мексико, откако си заминал од функција имотот му е зголемен за 50-тина илјади евра, посочи тој.

Петрушевски вели дека според она што може да се види на интернет страниците за букинг, одмор во Мексико со авионски карти чини околу 20.000 евра. Рашковски исто така е службеник и неговата плата е околу 60.000 денари.

– Во анкетните листови, ниту Љупчо Путерот, ниту Драги Рашковски не пријавиле друг извор на приходи, освен приходите од плата. Доколку немаат друг извор на приход, од каде им пари за одмор во Дубаи и Мексико, дали тоа значи дека одморот им го платил некој друг или на друг начин отишле на одмор? Доколку имаат друг приход, а не го пријавиле, зошто не го пријавиле? Доколку според нив не се точни цените на аранжманите нека излезат и нека покажат јавно колку го платиле одморот. Ја повикуваме ДКСК и ЈО да ги истражи патувањата на Љупчо Путерот и Драги Рашковски, одговорност мора да има, додаде тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.03.2021 - 13:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега