Петти ден кампања за предвремните парламентрани избори на 15 јули

Предизборната кампања за предвремните парламентрани избори на 15 јули се наоѓа на четвртина и додека политичките партии и коалициите своите политички понуди на терен ги промовираат со почитување на здравствените протоколи, преку социјалните мрежи и медиуми се објавуваат нови „бомби“ и меѓусебни обвинувања.

На петтиот ден од 20-дневната изборна кампања, караванот на Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ ќе биде во Куманово и Свети Николе, додека Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „За обнова на Македонија“ изборните активности ќе ги претстави пред граѓани Новаци, Демир Хисар и Битола.

Предизборниот караван на политичката платформа Македонски концепт ќе биде присутен во Битола, Охрид, Струга и Кичево, а коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива во Маврово.

Партиите во текот на вчерашниот ден ги упатија пораките до граѓаните и побараа поддршка на претстојните избори

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.06.2020 - 09:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега