Пијан полицаец заспал на улица и изгубил документи со податоци за 400 луѓе

Јапонски полицаец во пијана состојба заспал на улица и изгубил истражни документи со лични податоци на околу 400 луѓе.

49-годишен полицаец, по потекло од западна Јапонија, ја изгубил торбата со документите во петокот доцна навечер, соопшти локалната полиција, додавајќи дека документите содржеле имиња и адреси на лица против кои се води кривична истрага.

Јапонските медиуми, повикувајќи се на официјални претставници, објавија дека полицаецот излегол да пие со колегите и заспал на улица додека се враќал дома. Кога се разбудил во близина на железничката станица не ја нашол торбата.

Не е првпат вработените во јавниот сектор да прават некакви непријатности поради пијанство.

Така, во јуни на истокот на Јапонија еден претприемач изгубил торба во која имало УСБ со лични податоци на 460.000 жители на градот Амагасаки. Бизнисменот излегол на пијачка и заспал надвор додека се враќал дома.

За среќа, УСБ-то беше брзо пронајдено.

15.08.2022 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега