Пилотот на авионот кој принудно слета на автопат во Хрватска: „Моторот целосно откажа, немав многу време“

Пилотот на „Цесна 150“ кој вчера принудно слета на автопатот А6, Теодор Горичанец, раскажал пред новинарите како изгледала драмата кај Равна Гора.

Открил дека како инструктор со ученичка полетал кон Загреб. После 55 минути лет, моторот почнал чудно да се однесува, „трокирал“, а недолго после тоа и целосно откажал. Искусниот пилот знаел дека нема многу време за размислување.

Најпрво сакал да слета на блиската полјана, но не бил сигурен како е теренот и дали може да го направи тоа. Одлуката паднала на автопат.

-Беше тоа тешка одлука со оглед на тоа дека сообраќајот на патот беше густ, многу густ - рекол пилотот.

-Се обидував во секој случан мирно и сталожено да слетам, обидувајќи се најдам некоја дупка меѓу возилата кои се движеа и некако уапсеавме. Замисленото прво приоѓање не успеа како што требаше, морав некако да се спуштам меѓу сообраќајните знаци, пред сигналот на семфарот. Имав план да одам на друга страна, но таму имаше жици од далековод, па можев да ги закачам - рекол Горичанец.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.08.2019 - 14:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега