Планинар од Чешка паднал и се повредил искачувајќи се кон „Титов врт“- морале да интервенираат и пожарникарите

Планинар од Чешка искачувајќи се кон „Титов врв“ паднал, по што морале да интервенираат тетовските пожарникари и да го извлечат, по што со тешки повреди бил пренесен во болница.

-На 26.07.2021 во 18.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на место викано „Лешница“, додека се движел пеш по маркирани планински патеки кон „Титов врв“, Л.Р.(27) од Чешка паднал и се повредил, велат од МВР.

Според пријавеното, тој со уште пет лица од Чешка и две лица од Словачка на 25.07.2021 пристигнале со возила на Попова Шапка, по што се упатиле пеш кон „Титов врв“.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово тој бил извлечен, по што бил пренесен во Клиничката болница Тетово.

27.07.2021 - 16:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа