По 10 дена без медиуми – „Слободата е убава работа!“, вели Заев

Откако 10 дена беше надвор од медиуми и настани, вчера камерите „го уловија“премиерот Зоран Заев како го напушта седиштето на СДСМ.

На прашањето на новинарите „Како е да се биде 10 дена без медиуми“, тој одговори дека слободата е убава работа.

„Поприлично..Слободата е убава работа“, изјави Заев по завршувањето на состанокот. 

Инаку, Извршниот и Централниот одбор на СДСМ синоќа едногласно донесоа одлука премиерот и лидер на партијата Зоран Заев да ги одложи оставките се додека не се нормализираат процесите во државата.

– Во демократска дискусија во која што членовите на ЦО имајќи ги предвид пред се случувањата во државата и моментумот во којшто се наоѓа Северна Македонија во овој период, којшто е многу клучен за процесите коишто понатаму треба да следуваат, едногласно донесе одлука претседателот и премиерот да ја одложи оставката на одредено време додека овие процеси не се нормализираат, изјави претседавачот на ЦО на СДСМ, Перо Костадинов по вечерашните седниците на двете тела.

Според Костадинов, одлагањето на оставките ќе биде додека состојбите во државата го бараат тоа.

10.11.2021 - 09:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега