По Антониа Гиговска и Владо Јаневски го откажа настапот за закажаната прослава за Рамковниот договор

Со стихотворба од реномиран поет, музички аранжман и специјална песна за годишнината се одбележуваат 21 година од потпишувањето на Рамковниот договор. Во рамки на прославата се одржува и школа за млади лидери „Peace Forum Dialogue”. На плоштадот Скендербег за сабота е најавен голем концерт. Годинава за прославата се потрошени 70.000 евра,  а ја организира Министерството за политички систем, на чие чело е Артан Груби.

Meѓутоа после постапката на младата пејачка Антониа Гиговска, која го откажа настапот, наведувајќи дека не ја интересира политиката, денеска настапот го откажа и Владо Јанески, а оваа информација на сподели на социјалните мрежи.

„Владо Јанески не настапува на прославата која се одржува на 13.8.2022 на плоштадот „Скендербег“ во Скопје“, се наведува во официјалното соопштение на профилот на пејачот.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Vlado Janevski (@vladojanevskiofficial)

12.08.2022 - 15:08
Фото: 
Принтскрин Инстаграм / @vladojanevskiofficial

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега