По бруталната тепачка во Струмица, се огласи телохранителот на Зоран Заев

Aлександар Трајков, познат како Сашко Сали, кој е телохранител на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, попладнево ги демантираше пишувањата на некои медиуми дека тој бил вмешан во бруталната тепачка што се случи денеска во центарот на Струмица.

По овие објави, тој се огласи на својот Фејсбук профил, каде демантира дека бил вмешан во инцидентот.

-Во врска со насловите и шпекулациите пласирани од некои портали, дека сум вмешан во тепање на лице, одговорно тврдам дека не сум бил дел од таквите случувања. Попатно, распрашувајќи се за настанот, добив информации дека “нападнатите лица“ на видео снимката не биле само двајца туку биле 20-тина души од село Баница. Истите претходно извршиле напад на вработени во Казино со дрвја, камења и ладно оружје, напиша тој на социјалните мрежи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.03.2021 - 21:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега