По двете големи победи: Македонските одбојкари вечерва против Полска

По воведните две победи над Данска и над Црна Гора, со кои речиси сигурно обезбеди историски пласман во осминафиналето, македонската машка одбојкарска репрезентација вечерва против Полска од 20 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје го игра третиот натпревар на Европското првенство.

Вечерашниот противник на македонските одбојкари во рамки на групата Ц е актуелен освојувач на Лигата на нации и поранешен европски, светски и олимписки првак.

Двете репрезентации се на врвот на табелата во групата која се игра во Скопје, а Полјаците се првопласирани поради подобар сет – количник.

Претходно, во рамки на групата Ц ќе играат Данска и Црна Гора во дуел на две репрезентации, кои сè уште се без триумф на Европското првенство.  

03.09.2023 - 13:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега