По извршен претрес полицијата уапси четири млади лица во Скопје

Во текот на вчерашниот ден полицијата извршила претсерс кај четири лица во Скопје по што сите бие приведени поради поседување на марихуана.

„На 19.03.2020 во 23.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода М.С.(19) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 19.03.2020 во 17.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Видое Смилевски Бато“, го лишиле од слобода Е.Е.(29) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 19.03.2020 во 19.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје од ул.“Февруарски поход“, го лишиле од слобода С.М.(26) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 19.03.2020 во 15.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Отокар Кершовани“, го лишиле од слобода Ф.С.(22) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.“ велат од полиција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.03.2020 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега