По невремето паднати дрва на патниот правец Делчево – Пехчево, кај село Тработивиште

По невремето кое го зафати делчевскиот регион во тек е акција за отстранување на паднатите дрвја на патниот правец Делчево – Пехчево. Мештани и возачи јавуваат дека невремето предизвикало најмногу штета во атарот на село Тработивиште каде се забележливи паднатите дрвја кои блокираат дел од регионалниот пат Делчево – Пехчево.

Паднати дрвја се забележани и во близина на паркот Езерце во Делчево, а од претходно ветрот оштетил голем број покриви на куќите на граѓаните и искина дел од кабелската мрежа во градот.

Во моментов во тек е и акцијата за расчистување на паднатиот покрив во центарот на градот кој беше урнат од силниот ветар на почетокот на невремето кое во моментот престана. Надлежните дополнително ќе ги утврдуваат штетите од силниот ветер кој еден час дивееше во Делчево. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.08.2020 - 15:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега