По олеснување на ковид-мерките, оваа земја е означена како земја со висок ризик за патувања

Од Американскиот центар за контрола и превенција на болести велат дека Норвешка од вчера е ставена во категоријата земји со најголем ризик за патување (категорија 4).

Таа скандинавска земја ги ублажи повеќето од ограничувањата поврзани со Ковид-19. Соседните Шведска и Данска се наведени во категоријата 3. Во Источна Европа, Бугарија исто така од вчера е категоризирана на ниво 4.

Американскиот центар препорачува луѓето да избегнуваат патувања во земји означени како висок ризик. Сепак секој што ќе одлучи да патува во овие земји треба да се вакцинира.
Во пошироките упатства за патување, Центарот препорачува избегнување на сите меѓународни патувања додека луѓето не се вакцинираат целосно.

„Целосно вакцинираните патници се со помала веројатност да го пренесат и шират „ Ковид-19 “. Меѓутоа, меѓународните патувања претставуваат дополнителни ризици, па дури и целосно вакцинираните патници може да бидат изложени на зголемен ризик од инфекција и евентуално ширење на некои соеви на „ Ковид-19“, пренесуваат медиумите.

Макфакс

28.09.2021 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа