По разрешувањата на директорите од Алијанса, се огласи Таравари: „Не отпуштаат оти сакаме промена“
Откако Владата на денешната седница одлучи да разреши двајца директори - кадри на Алијанса, се огласи Арбен Таравари. Тој на Фејсбук напиша, дека ги отпуштале, оти сакале промена.
„Не отпуштаат затоа што сакаме промена ... Ви кажуваме повеќе од кога било дека промената започна!
8-ми мај... блиску, многу блиску!“, се наведува во објавата на Таравари на ФБ.
06.02.2024 - 21:10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа