По рецепт на нашите баби - Направете си дома кантарион кој лекува се

Кантарионот го има од дамнешни времиња во сите бабини рецепти и лекови.

Кантарионот расте на ливади, кај нас во Македонија го има во изобилство, и помага за многу проблеми, а богат е и со витамин Ц и каротен во составот.

Помага за зараснување рани, кожни проблеми и за исечените и изгореници.

Кантарионот има и антидепресивно дејство, а исто така помага и за страв и промени со расположение.

Помага и при чиреви, како и при убоди.

Помага и за проблеми со срцето, како и за проблеми со желудникот и варење на храната.

Користете го често, има многу благодети за телото и секој може да си го направи дома.

Земете децилитар маслиново масло и ставете една лажица кантарион во него, па оставете ја така смесата да стои неколку дена за да се впие убаво. Кога ќе добие црвена боја, значи дека е подготвено за користење.

 

Извор: Готви.мк

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.12.2019 - 21:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега