По само 16 дена откако ја примил вакцината на „Фајзер“, албански инфектолог заболел од коронавирусот

Само16 дена по примање на вакцината, албанскиот инфектолог  Пелумб Пиперо е бил позитивен на  коронавирус.

Пиперо бил еден од првите лекари кои ја примиле вакцината Фајзер против ковид-19, на 11 јануари во стадионот „Ер Албанија“.

Докторот Пелумб Пиперо, кој работел во ковид болница се вели дека е во добра здравствена состојба. Тој имал само благи клинички знаци, а еден ден пред да биде позитивен на тестот, работел во Институтот за јавно здравје.

Ова е прв случај во Албанија лекар да се зарази со Ковид по вакцинирањето. Според експертите, вакцинираното лице создава заштита по 14 дена кога се создаваат антитела, но конечната заштита се создава по приемот на втората доза.

Д-р Пелумб Пиперо требало да биде вакциниран со втората доза на 2 февруари, како и 50-те лекари и медицински сестри, кои биле вакцинирани на 11 јануари на стадионот „Ер Албанија“. Иако случаи на инфекција по вакцинирањето се ретки, експертите се на мислење дека клиничката состојба во овие случаи е лесна.

На првиот ден од вакцинацијата со вакцините на Фајзер, била вакцинирана шефицата на Инфективната болница, Најада Чомо, а веднаш по Пиперо и шефот на владата, Еди Рама, пренесува албанската ТВ Клан..

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.01.2021 - 20:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега