По трагедија и Македонија ги забрани летовите на „боинг 737-макс 8“ и „боинг 737-макс 9“

И Македонија ги забрани летовите на „боинг 737-макс 8“ и „боинг 737-макс 9“ поради истрагата која се води во врска со овие типови на авиони.

 

- „Од денеска е на сила забраната за слетување и полетување на воздухопловите ‘боинг 737-макс 8’ и ‘боинг 737-макс 9’, како и надлетување над воздушниот простор над државата. Забраната следи како мерка на претпазливост“, изјавија денеска од Агенцијата за цивилно воздухопловство за Независен.

Откако се случи голема трагедија со летот ЕТ302 на компанијата „Етиопијан ерлајнс“, кога авион од типот „боинг 737 макс 8“ се урна при што загинаа сите патници и членови на екипажот, Европската агенција за безбедност во воздухопловството одлучи да ги суспендира сите летови на овој модел на авиони. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.03.2019 - 14:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега