По зелената такса најавена и нова давачка – Владата воведува и зелен данок

По зелената такса Владата ведува и зелен данок, јавува Сител. Министерот за финансии, Фатмир Бесими во изјава за телевизијата вели дека ќе има широка дебата со бизнис секторот и експертите за оваа давачка и фирмите ќе имаат време да се подготват за неа.

Зелената транзиција е нешто од што државата не може да бега, зашто тоа е глобален тренд.

-Зелен данок, или приходи во буџетот за заштита на животната средина и нејзиниот развој. Во иднина нема да финасираат проекти што се надвор од зелената агенда. Така што, ние мора да се прилагодиме на тоа. Тоа е иднината и тоа прилагодување ќе значи реорганизација на можеби и целата структура на приходи во буџетот и на расходи, но и на сите економски политики, вели Бесими.

Зелената такса нема да ја подгрее инфлацијата над проекциите затоа што намалувањето на ДДВ за струја ќе го амортизира ударот, убеден е министерот. Таа нема да почне да се применува од утре како што беше планирано заради процедури во Собранието. Парите предвидени со неа иако се вкалкулирани во ребалансот на буџетот нема да фалат. Бесими вели дека државната каса се полни побрзо од планираното, натфрлањето на приходите за половина година е околу 15%, а парите од екотаксата се строго наменски за зелени проекти. Собранието утре ќе ја почне дебатата за ребалансот на буџетот.

30.06.2021 - 19:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега