Побарани казни за три лица од Тетово заради непочитување на полицискиот час

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово поднесе предлог за издавање казнен налог против три лица за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Како што информира ОЈО Тетово, тројцата обвинети на 8. април биле затекнати надвор од нивните домови за време на полицискиот час, со што не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија.

Обвинителството на Основниот суд Тетово му предложи на обвинетите да им изрече парични казни во висина од по 100 дневни глоби​.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.04.2020 - 12:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега