Побрзајте на бензинска: РКЕ ги соопшти новите цени на горивата

Дизелот поскапува за половина денар, а цените на бензините остануваат непроменети. Ова е одлуката на Регулаторната комисија за енергетика која ја соопшт денеска, а ќе важи од полноќ.

ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 69,50 ден/лит,  а на ЕУРОСУПЕР БС-98 71,50денари за литар. 

 ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 62 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) сега се продава за 52 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголеми за 1,162 денари и килограм од тој енергенс ќе чини 35,343 денар.

РКЕ ја донесе одлуката врз основа на цените на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во тек на изминатата недела.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.08.2019 - 19:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега