Почина 82-годишен маж откако бик удрил во него

Денеска околу 9 часот било пријавено дека 82-годишниот Љ.С. од село Врбен, гостиварско бил удрен од бик при истоварење од камион.

Љ.С. веднаш бил префрлен во болницата „Ферид Мурад“, каде што биле констатирани тешки телесни повреди, но набргу им подлегнал на повредите.

Полициска екипа извршила увид на местото на инцидентот, а телото е предадено на семејството.

07.07.2022 - 14:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега