Почина актерот Митко Апостоловски

Почина македонскиот актер Митко Апостоловски. Веста за смртта на 67-годишниот актер преку социјалните мрежи ја пренесе неговиот колега Петар Горко.

– Почивај во мир, колега, пријателе, прекрасен човеку. Неизмерна загуба чувствувам. Нека ти е вечен споменот, напиша Горко.

Митко Апостоловски е роден во Битола на 7 март 1955. Дипломирал на Вишата музичка школа во Скопје (Отсек за драмски глумци). Работел во Народниот театар во Битола (1973 — 1974) и во Народниот театар во Куманово (1980 — 1995).

Зад себе ги остави значајните улоги во „Наши години“, „Илинден“, „Белото циганче“, „Бог да ги убие шпионите“, „Проколнатите“, „Заборавени“, „Офицер“, „Денес утре“, „Во светот на бајките“, „Големата вода“, „Јас сум од Титов Велес“, „Трето полувреме“, „Тврдокорни“, „До балчак“, „Последниот Македонец“ и многу други филмови и серии.

05.08.2022 - 16:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега