Почина маж од Велика Британија кој престојувал во хотел во Скопје


Вчера во 19.12 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека на една од клиниките починал А.Г.Г.(63) од Велика Британија, кој престојувал во хотел во Скопје.

Според пријавеното, на 01.04.2024 во 23.28 часот тој бил донесен во клиникита во тешка здравствена состојба, а на 03.04.2024 починал.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

04.04.2024 - 16:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега